1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саудиска Арабија: Извозник на нафта и на вахабизам

Ане Алмелинг/ Жана Ацеска3 август 2012

Саудиска Арабија минатите децении стана една од највлијателните арапски држави. Оваа конзервативна монархија своите интереси ги остварува главно преку пари и продажба на нафта, што не и‘ донесува само пријатели.

https://p.dw.com/p/15jRY
nk+++
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кога се работи за интересите на кралското семејство, се чини дека парите за Саудиска Арабија не се проблем, наведува Гидо Стајнберг, експерт за оваа држава во Фондацијата Наука и политика од Берлин.

„Саудијците својот интерес го спроведуваат главно со помош на пари или ветување за плаќање“.

Тоа е видливо на примерот на Египет. Таму со милиони долари го помагаат Воениот совет кој ја презеде власта по падот на египетскиот претседател Хосни Мубарак. Саудијците инвестираа милијарди во египетското стопанство. Тие не сакаат да го изгубат влијанието во оваа држава, иако по Арапската пролет, картите повторно се измешани.

Страв од губење на власта

„Саудиска Арабија се обидува да ги стабилизира автократските режими и има само една цел-да остане на власт“, вели Штајнберг.

Кога е ограничен легитимитетот на овие владетели, тие постојано се плашат од губење на власта.

Саудиските владетели освен тоа стравуваат од шиитското малцинство на истокот на земјата, на кое му префрлуваат блискост со владата во Техеран.

Во Саудиска Арабија сунитите се мнозинство и нивната вахабитска интерпретација на исламот, која на Запад обично се нарекува салафизам, практично претставува државна религија.

Во меѓувреме влијанието на вахабитите се прошири и надвор од границите на земјата, иако владејачките структури, барем официјално, настојуваат да го придушат екстремизмот. Тоа влијание сега е посебно видливо во Египет и во Тунис.

Извоз на вахабизам

Вахабитите ги остваруваат своите цели и надвор од границите на арапските држави. Гидо Штајнберг тврди дека Саудијците уште од 60-те годни на минатиот век вложуваат многу пари во ширење на своето видување исламот. Првенствено тоа го прават таму каде не се пружа голем отпор, а тоа се Западна Африка, Југоисточна Азија, но и Запад, односно Европа.

Саудискиот крал себе си се опишува како „заштитник на светите градови“, односно Мека и Медина, за тоа да го искористи за легитимнa причина за своето владеење. За таа цел служи и саудиската интерпретација на исламот. Индиректно меѓутоа, тоа доведе до пораст на терористичките струи, кои настануваат исклучиво во круговите на салафистите.

Saudi-Arabien Ölförderung
Големи количества нафта се црпат во Саудиска АрабијаФотографија: AP

Сирија меѓу две регионални сили

Во Сирија, каде со политиката доминираше алавитското малцинство, влијанието на Саудијците беше многу мало. Една од причините е што Сирија е сојузник на Иран. Не е чудо што саудиската поддршка сега е насочена кон бунтовниците, а не кон режимот на Башар ал Асад. Со тоа Сирија стана поле на геополитички судир меѓу Саудиска Арабија и Иран. Религиозните тензии меѓу Ријад, кој себе си се гледа како заштитник на сунитите и Техеран, кој ги застапува шиитите, така игра се‘ поголема улога во Сирија.

Како голем производител на нафта, Саудиска Арабија е премногу важна за Европа и за САД за да ја критикуваат тамошната влада. Се‘ додека е така, а Ријад располага со милијарди од нафтата, тамошната влада ќе има многу простор за политички акции.