1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сведочење на првиот сведок на одбраната на Бошковски

Гроздан Попов31 јануари 2008

Денеска пред судот во Ден Хаг за првпат се појавија сведоците на одбраната во случајот против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, обвинети за конфликтот во 2001 година.

https://p.dw.com/p/D0X3
Љубе Бошковски, поранешен министер за внатрешни работи на МакедонијаФотографија: AP

Шефот на адвокатскиот тим кој го застапува поранешниот министер за внатрешни работи на Македонија Љубе Бошковски пред судот во Ден Хаг, сараевската адвокатка Емина Рашидовиќ како свој прв сведок ја покани Софија Галева Петровска, правник, вработена во МВР, актуелен началник на Секторот за прекршоци во Министерството. Галева Петровска во пресудните моменти на летото 2001 година била функционер во Управата за јавна безбедност и во директен контакт со Горан Митовски, кој бил претпоставен како директор на службата.

Првото што Галева Петровска со помош на Рашидовиќ го илустрираше беше нејзиното тврдење дека Љубе Бошковски од првиот ден на настанот наложил, иако не бил ниту повикан ниту надлежен да го стори тоа, целосна истрага која била транспарентна достапна на сите легални институции, на истражните органи. Накусо со бројни имиња, документи и укажување на движењата на тие документи, Галева сведочеше, а и кажа дека била уверена дека целата работа, истрагата се води најпрофесионално и најтранспарентно, дека било сторено се’ да не може да се случи цитат:„ фиризирање“ на извештаите од теренот, па дури и тоа дека разни матреијални докази како на пример ДНК, биле испратени на анализа надвор од земјата и до тие такви материјални докази МВР на Македонија немало никаков пристап.

Претстедавачот на судскиот совет, Карнел Агиус од Малта ја предупреди адвокатката Рашидувиќ, да не го наведува свадокот Галева Петровска на одговри кои таа ги очекува.

Утре (01.02.08) сведокот ќе биде подлежен на вкрсно испитување во врска со денешното сведочење. Обвинителите секако ќе се обидат да ја разбијат импресијата од нејзиното денешно сведочење, а таа импресија е дека Љубе Бошковски немал никаква одговорност во настаните и дека сторил се да се утврди дали имало одговорност иако ја имало кој бил виновен за тоа.