1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светата војна во Ирак продолжува и по изборите

1 февруари 2005

Со вакво предупредување групата на јорданскиот терорист Абу Мусаб ал Заркави го загорчи славјето на Ирачаните , преодните власти и меѓународната заедница по изненадувачки успешните избори во земјата.Одговор за теророт е единство , пак порача ирачкиот премиер Ијад Алави во обраќањето до нацијата.

https://p.dw.com/p/AcHj
Фотографија: AP

Во соопштението објавено на Интернет, групата која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда , наведува дека изборите за националното собрание на Ирак кои беа одржани во неделата нема да ја запрат нивната борба , туку напротив само ќе ја зголемат нејзината сила и одлучност.

“Вашите браќа во организацијата Ал Каеда во Ирак , ќе продолжат со Џихад се додека знамињата на исламското единство не се завејат над Ирак”-наведено е во соопштението во кое уште се додава:

“ Саакаме да ја увериме земјата дека овој чекор изборите , ќе биде сличен на претходните , односно формирањето на Владејачкиот Совет и владата на Ијад Алави. Обие избори и нивните резултати нема да влијаат врз Ал Каеда во Ирак, туку ќе ја сголемат нашата сила за да се ослободиме од неправдата .

Групата на ал Заркави , која досега ја преземе одговорноста за голем број напади во Ирак , им порача на американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер дека се непријатели на демократијата .

Во соопштението уште се наведува дека во сунитските области во Ирак воопшто не се одржале , освен неколку изрежирани гласања со кои требало да биде излажан народот.

Абу Мусаб Ал Заркави инаку е најбараниот човек во Ирак и за негово фаќање американската армија е подготвена да издвои милионски суми долари. Тој пред изборите им се закани на Ирачаните дека ќе ги преплави улиците со нивната крв доколку излезат на гласање. Во нападите кои ги изведоа ирачките бунтовници на денот на изборите во недела загинаа најмалку 35 лица а повеќе од 100 беа повредени. Но и покрај тоа , ирачките преодни власти и меѓународната заедница ги прогласија изборите како многу успешни.

Во вчерашното телевизиско обраќање шефот на ирачката влада Ијад Алави ги прдупреди сонародниците дека насилството сеуште не е завршено , само затоа што изборите ги надминаа очекувањата . Тој притоа ги повика Ирачаните да демонстрираат единство:

“Целиот свет не гледа . Онака како што работевме заедно вчера за да му стави крај на диктаторскиот систем на Садам Хусеин , така треба заедно да работиме кон остварувањето на посветла иднина-Сунитите и Шиитите , Муслиманите и Христијаните , Арапите Курдите и Туркменците.

Исходот од изборите за националниот парламент и регионалните совети би требало да бидат познати за околу 10-ина денови . Алави притоа би можел и натаму да остане премиер. Познавачите на состојбите , анализирајќи го вчерашниот говор на Алави препознаа голема самоувереност и речиси се сигурни оти тој ќе продолжи да ја извршува тешката фунција.

Тој како и сите други преднего вчера повтори дека 30 јануари беше историски ден за Ирак. Тоа особено сакаат да го потенцираат претставниците на владата во Вашингтон. Американскиот амбасадор во Ирак Џон Негропонте вчера воодушевено изјави :

“Се што требаше да направите е да ги погледнете вчерашните слики за да знаете дека изборите беа успешни . Мислам дека тоа беше голема демонстрација на силната предаденост на Ирачаните кон демократија.