1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Свети Валентин-малку љубов, малку бизнис

14 февруари 2011

Денеска е Свети Валентин – денот кога светот на еден или друг начин си посакува и покажува љубов. Според психолозите, славењето на денот на љубовта во времиња на глобализација добива се‘ поголемо значење.

https://p.dw.com/p/Aepe
Фотографија: AP

Корените на денот на Свети Валентин датираат од античкото време. Римјаните на 14 февруари славеле во чест на божицата Јуно, заштитничка на бракот и семејството. Денот на Свети Валентин потсетува и на бискупот од градот Терни, северно до Рим, кој бил погубен по наредба на римскиот цар Клаудиј втори затоа што не сакал да се откаже од својата вера. Освен тоа, според верувањето, тој тајно ги венчавал вљубените парови и и пишувал писма и песни на својата сакана.

Славењето на светецот датира од 350-та година. Тој важел како заштитник на одгледувачите на пчели и на вљубените и на луѓето во брак. Како празник на младоста и љубовта, Свети Валентин во Франција и Англија почнал да се слави во 14 век, по што се проширил во другите европски земји и во северна Америка.

Valentinstag Flash-Galerie
Фотографија: AP

Во 1950 година во Германија трговците со цвеќе го прогласија денот на Свети Валентин за „Ден на отворени срца“. На 14 февруари во Германија и денеска се подарува цвеќе како во ниту еден друг ден во годината. Денот на вљубените е најдобриот ден за продажба и одамна од тронот го смени Денот на мајката, вели раководителот на германското Здружение на трговците со цвеќе, Хенинг Мелер. Синдикатот за земјоделство и екологија од потрошувачите постојано бара тие да купуваат само цвеќиња со печат кој е доказ дека цвеќињата се добиени од претпријатија во кои се внимава на еколошките стандарди и во кои луѓето од Африка, Азија и Латинска Америка добиваат фер плати. На второ место по цвеќето, омилени подароци на Германците се и парфемите и чоколадата. Според некои пресметки, на денот на вљубените се трошат по околу 50 милиони евра за подароци.

Според психолозите, славењето на денот на љубовта во времиња на глобализација добива се поголемо значење. Стравот од тероризам и ширењето на интернетот, ја засилуваат желбата за романтична љубов, вели психологот Хајко Ернст, додавајќи – „Денеска луѓето очекуваат голема среќа од љубовта. Тоа звучи парадоксално, зашто има се повеќе луѓе што се сингл, но тие се во потрага по вистинскиот или вистинската.“

Автор: ЕМФ/БГ/дпа

Редактор: Жана Ацеска