1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот е неподготвен за катастрофи

3 април 2011

Земјотреси, поплави, вулкански ерупции се само дел од катастрофите, кои ги демнат луѓето. Специјалистите за урабаните ризици сметаат, дека случувањата во Јапонија, не потсетуваат на ранливоста на современото општество.

https://p.dw.com/p/10mjh
Пустош по катастрофалниот земјотрес во ЈапонијаФотографија: AP

„Мојот град се подготвува и мојот град е подготвен“ е централната тема на кампањата на ОН за меѓународната стратегија за превенција на катастрофите. Таа стратегија подразбира подобро запознавање со овие ризици и преземање на соодветни мерки, воспоставување на програма за разбирање и запознавање со урбаните ризици, нивно намалување и подготвување на градовите да се соочат со евентуалните катастрофи.

Tsunami Symbolbild p178
ЦунамиФотографија: AP

Кампањата која ќе трае до 2015 има за цел да ги убеди градските власти да ги разгледаат серизоно ризиците од катастрофи.

„Никогаш не можеме да кажеме дека сме подготвени на се’, катастрофите секогаш доаѓаат кога не ги очекуваме. Нам, на локално ниво избраните политичари, ни е потребно да размислиме длабоко за можните катастрофи, со цел да се обидеме да најдеме решенија, бидејќи ние сме тие кои ќе бидат првите на теренот, на лице место за да им пружиме помош на жртвите“, вели Жан-Клод Фрекон претседателот на домот на локалните власти во Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа, каде се претставени 47 европски земји.

„Еден ден може да ни се случи катастрофа, како што им се случи на Јапонците. Тие имаа предвидено безбедносни мерки за нивните централи во однос на земјотресите, но не предвидоа доволно мерки во однос на цунамито, што го предизвика и проблемот. Ние не сме совршени, но можеме да одиме уште подалеку во барање на можни решенија за превенција на евентуални катастрофи“.

Земјотресот проследен со цунами, кој предизвика и тежок инцидент во нуклеарната централа Фукушима 1 во Јапонија отворија многу прашања за подготвеноста за справување со катастрофите, на кои ќе треба да се најде одговор.

„Мислам дека ниеден град во светот реално не е подготвен, ниту има можност да се подготви за соочување со катастрофи од вакви размери. Затоа ние треба да работиме со властите за да можат да се подготват за една ваква катастрофа, секогаш локалните власти се тие кои треба први и веднаш да се соочат и да дадат одговор на нив, што всушност се случува во Јапонија“, вели Хелена Молин-Валдес помошник директорка на Секретаријатот за Меѓународна стратегија на ОН за превенција од катастрофи.

Меч со две острици

Japan Atomkrise Naoto Kann
Јапонската влада ја организра помоштаФотографија: dapd

Настаните кои се случија во Јапонија, која е една од клучните партнери на ОН во меѓународната стратегија за превенција на катастрофите, ја покажаа ранливоста на нашите современи општества, па дури и таму каде се работело на подготвување за соочување со вакви катастрофи.

„Координацијата и механизмите кои постојат во Јапонија, не постојат во другите земји кои не се на исто ниво на развој. Од друга страна меѓународната помош и солидарност и нејзината координација е многу потешка за една земја како Јапонија, бидејќи нема потреба од ваква координација, Јапонија е многу добро организирана и тоа ја забавува помошта и донесувањето на мерките за меѓународна солидарност.“

Подобра превенција

Дали последните природни катастрофи им послужија на ОН да работат на нивна подобра превенција?

„Сакам да речам да, но контекстот секогаш е различен. На пример ОН има систем за организирање на хуманитарна помош, во принцип тоа функционира добро, но при секоја катастрофа нејзината димензија е различна и потребно е системот да се прилагоди,“ одговара Хелена Молин-Валдес.

Во однос на тоа дали располагаме со точни информации за тоа што се случува во Јапонија, Хелена Молин-Валдес оценува: „Мислам дека јапонските власти исто така не ги имаат сите информации, тие исто така проучуваат некои аспекти на кризата и тоа сигурно дека се одразува и во споделувањето на овие информации на меѓународно ниво.“

Japan Erdbeben Tsunami Nuklear Krise NO FLASH
Фотографија: AP

За тоа дали во Европа треба да се стравува од радијацијата предизвикана од инцидентот во нуклеарната централа во Фукушима, помошник директорката на секретаријатот за меѓународна стратегија за превенција на катастрофите додава:

„Меѓународната агенција за атомска енергија е таа која го следи ова прашање, Јапонија е членка на оваа организација и според информациите кои ни се пренесени од оваа агенција, во моментов нема опасност.“

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Александра Трајковска