1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот е повторно во шок

20 ноември 2003
https://p.dw.com/p/AcSH
Реакции со зборови на осуда за терористичките напади во Истамбул пристигаат од сите страни на светот. И политичарите и експертите проценуваат дека се работи за напад на организирана терористичка мрежа.

Турскиот министер за надворешни работи Абдула Ѓул кој во моментов е во Шведска е потресен од убивањето на невини луѓе и констатира дека ова е веќе дело на организирана терористичка мрежа:

"Се соочуваме со организирани терористички напади. За жал има многу невини жртви, но ние не се откажуваме од борбата против тероризмот", рече кратко Ѓул не сакајќи да ги коментира мотивите на напаѓачите со оглед дека минатата недела тоа беа еврејски синагоги, а сега се британски цели.

Неговиот британски колега Џек Строу потвдри дека има Британци, Турци и други националности меѓу жртвите:

"Се уште ги немаме сите детали, но ги правиме сите напори за да откриеме што се се случило", рече Строу кој им препорача на своите граѓани да патуваат во Турција само во неодложни случаи. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана со осуда на нападот, но порача дека и ЕУ не се откажува од заедничката меѓународна борба против тероризмот и дека тоа и понатаму ќе го прави во тесна соработка со партнерот Турција.

Италијанскиот министер за надворешни работи, чија земја е претседавач со ЕУ, Франко Фратини во изјавата со слична доза на осуда:

"Меѓународната зеадница и оние кои веруваат дека силата на правото и слободата е појака од насилството и убиствата ќе и се спротивстават на терористичката офанзива со уште поголема сила и решеност", порача Фратини.

Германија е земја во која има големо турско малцинство кое е во шок. Слично се чуствува и германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер кој е во Њујорк:

"Ние сме шокирани и згрозени од терориостичкиот напад во кој има многу цивилни жртви" изјави Фишер и додаде "на тероризмот мора да му решително и безкомпромисно да му се спротивставиме". Со слични изјави на шокни осуда се и одгласите од оста
натите политички партии во Берлин.

И за американскиот претседател Буш и и британскиот премиер Тони Блер кои денеска се сретнаа во Лондон ова е знак дека мора да се зајакне борбата против тероризмот. Осуда пристигна и од останатите земји членки на Унијата, како и од арапските држави. Се огласи и израелскиот премиер Шарон:

"На моја длабока жал Турција е повторно погодена од терористите што пак не потсетува на обврската дека мора да се ослободиме од него. Еден ден е синагога, друг пат е британскиот конзулат. Ова покажува дека не се работи само за Израел туку дека е ова закана за целиот свет".

Експертите сметаат дека се работи за високо организирана терористичка мрежа. Шефот на германската разузнавачка служба Аугуст Ханинг смета дека се работи за дело на Ал Каеда. Се проценува дека британската цел е одбрана намерно поради посетата на американскиот претседател Буш на Лондон. Раководителот на есенскиот институт за антитероризам Кај Хиршман смета дека Турција е многу "плодна почва" за изведување на терористички напади.