1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот загрижен по веста за атомскиот тест на Пјонгјанг

9 октомври 2006

Голема загриженост во светот по веста дека Северна Кореја најверојатно извршила атомски тест. Особено погодени се соседните земји во регионот. Поголемиот дел од меѓународната заедница го оцени тестот како “вистинска закана”.

https://p.dw.com/p/Adwe
Јапонските сеизмолози регистрираа потрес по атомската проба
Јапонските сеизмолози регистрираа потрес по атомската пробаФотографија: AP

За јапонската влада тестот е вистинска закана. Јапонија го осуди тестот како провокација и сериозна закана во регионот. Портпаролот на министетрството за надворешни работи Танигучи изјави дека “мора да се соберат сите информации од разузнавачите за да се утври дали навистина е реализиран атомскиот тест и да се остане со ладна глава”, но дека не може ниту да не се реагира:

“Очигледно ОН донесоа неколку резолуции по првичните тестови во јули, но очигледно ОН мора да преземат нешто повеќе отколку резолуција бидејќи атомскиот тест е големо прекршување и на шестпартитните преговори и сите одлуки на ОН.”

Доколку се потврди веста, Јапонија ќе поднесе во Советот за безбедност на ОН резолуција која дозволува примена на главата 7 од Повелбата на светската организација, со која се овозможува примена на далекусежни економски снакции и воени средства. Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска во Сеул на оваа тема ќе разговара и со претседателоит Ро Мо Хин. Во Јужна Кореја е подигнат безбедносниот степен. Армискиот генерал и наредил на војската да биде во зголемена борбена готовност,а претседателот Хин ги повика своите советници на итна седница.

Наводниот атомски тест е оценет како провокаџија и за САД. Ако тоа се потврди, мора неодложно да дејствува Советот за безбедност на ОН, рече портпарол на Белата куќа во Вашингтон. Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека категорично го отфрла однесувањето на владата во Пјонгјанг и искажа надеж дека Северна Кореја наскоро ќе се вреати кон шестпартитните преговори. Австралискиот премиер Џон Хауард во парламентот на земјата рече дека сеизмичките мерења го потврдиле подземниот атомски тест и побара санкции за Пјонгјанг.

“Северна Кореја греши многу ако мисли дека со нуклеарен тест ќе си ја подобри преговарачката позиција. Тестот значи дестабилизација за регионот, и е сопствен напад врз безбедноста на Северна Кореја. Меѓународната заедница бара силен одговор и Австралија ќе го поддржи,” категоричен беше Хауард.

За британскиот премиер Тони Блер атомскиот тест е “неодговорна работа” и “екстремна провокација”. И германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер го осуди атомскиот тест и додаде дека Севернојкорејската влада со ова само продолжува по патот на самоизолација. Сите претставници на меѓународната заедница го повикаа Пјонгјанг да не изведува понатамошни вакви тестови.