1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот има потреба од толеранција и дијалог

8 мај 2010

Со усвојување декларација во која е содржана пораката за толеранција, прифаќање, наместо страв, омраза и предрасуди, попладнево во Охрид завршува Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски диајлог.

https://p.dw.com/p/NJO8
Фотографија: Petr Stojanovski

Проблемите и разликите во светот можат да се надминуваат само по пат на дијалог. Друга алтернатива нема. Дијалогот треба да се развива, промовира, оживотворува во практичниот живот. Ова е само еден од заклучоците содржан во Декларацијата од конференцијата што се очекува едногласно да биде усвоена доцна поладнево.Со неа се реактивираат ставовите донесени со претходната декларација од пред три години изјави за Дојче Веле Ѓоко Ѓорѓевски кој учествуваше во нејзината изработка и е амбасадор на Република Македонија во Ватикан.

„Декларацијата и заклучоците одат во насока дека сите треба активно да земат учество во јакнењето на мирот, соработката и взаемното разбирање. Исто така да се погрижат да дадат конкретен придонес во развојот на меѓуцивилизацискиот и меѓурелигискиот дијалог и што емногу важно да се охрабрат и локалните религиозни и владини структури да се погрижат за интензивирање на меѓукултурните настани се со цел да се промовираат мирот, почитта и толеранцијата.“

Македонскиот верски соживот – моедл на иднината

Македонија се гордее со својот модел кој подразбира интеграција без асимилација , истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов:

„Македонскиот модел, е модел на иднината, модел кој во суштина содржи универзални вредности, а поаѓа од почитувањето на различните културни матрици .Овој модел е најсилната легитимација на Македонија во меѓународната заедница.“

Најавата на Исламската верска заедница во Македонија дека ќе ја бојкотира конференцијата отпаднаа. Реис Ул Улема Сулејман Реџепи беше во Охрид. Тој демантираше дека се работело за ултиматум:

„Не поставивме ултиматум туку бевме во насока за разрешување на некој отворени прашања што ги имаше ИВЗ, а ќе ги има најверојатно и во наредниот период. За неколку прашања сметаме дека се затворени. Останува другите отворени прашања по пат на разбирање и меѓусебен дијалог да ги надминеме.“

Mazedonien Weltkonferenz zum interreligiösen und Dialog
Фотографија: Petr Stojanovski

Руската православна црква и натаму подготвена за помош на МПЦ

Руската православна црква е секогаш подготвена да и помогне на Македонската правослвна црква за да се избори за афтокефален статус во православниот свет , потврди Архиепископот Јарославски и Ростовски господин Кирил:

„Ние Русите со цела душа ќе се стремиме оваа болна поделба која постои во православието да биде надмината и нашите заеднички молитви ги упатуваме на братскиот македонски народ и ги вложуваме сите напори , сесрдно да помогнеме .“

Охридската меѓуверска конференција не ја удостоија претставници на Грчката православна црква, а српската го испрати отец Петар – монах од Зворничко – тузланската епархија. Тој избегна директно да одговори дали дијалогот може да помогне да се надмине кризата меѓу СПЦ и МПЦ .

„Ја поздравуваме секоја акција на добра волја, на градење на мир, оти според неодамна упокоениот патријарх Павле лошто и војната никому добро не му носат. Ваквите конференции ги продлабочуваат односите на толеранција, да се надминеме себе си и да градиме подобра свет.“

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Борис Георгиевски