1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светската економија останува стабилна

20 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bsw2

Растот на светската економија останува стабилен и покрај кризата на меѓународните финансиски пазари. Ова се вели во заедничката изјава на министрите за финансии и шефовите на централните банки на САД, Германија, Канада, Јапонија, Велика Британија, Франција и Италија кои се сретнаа во Вашингтон. Германскиот министер за финансии Пер Штајнбрик изјави дека во текот на наредната година може да се очекуваат мали турбуленции. Во извештајот се повикува Кина да ја прекине политиката на вештачко одржување на ниската вредност на својата валута.