1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светска банка двојно ја зголеми помошта за Филипини

СН/бг/миа/афп23 ноември 2013

Бројот на регистрирани жртви во налетот на супер-тајфунот Хаијан на Филипините се искачи на повеќе од 5200. Уште најмалку 1600 луѓе се водат за исчезнати.

https://p.dw.com/p/1AMse
Фотографија: DW/P. Hille

По разурнувачкиот налет на тајфунот Хаијан на Филипините, Светска банка речиси двојно ја зголеми помошта за земјата. Таастави на располагање дополнителни 480 милиони долари (354 милиони евра) за обнова на Филипините. Претходно Светска Банка веќе вети 500 милиони долари помош. Тајфунот пред две недели погоди делови од островската држава и зад себе остави вистинска пустош.

Тајфунот Хаијан однесол повеќе до 5.200 животи,, со што тој стана една од најстрашните природни катастрофи во поновата историја на земјата, во меѓувреме соопшти филипинската влада.

Покрај бројката на загинатите во тајфунот, владата во Манила потенцира дека уште 1.611 луѓе се водат како исчезнати, Хаијан, еден од најмоќните тајфуни што го зафатиле копното, со ветрови коишто дуваа со брзина меѓу 275 и 325 километри на час и со гигантски бранови, срамни со површината десетици градови во централниот дел на Филипини.

Новите владини податоци говорат дека се потврдени повеќе од 1.200 жртви отколку претходно, бидејќи многу од населените места дури сега ги испратиле своите први официјални извештаи за несреќата.

Повеќе од четири милиони луѓе се раселени, повеќето од островите Самар и Лејте, каде што сиромашното население главно се занимава со земјоделие. На Филипини годишно, особено во сезоната на дождовите од јуни до декември, минуваат околу 20 бури од кои повеќето предизвикуваа бројни човечки жртви и голема материјална штета.