1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светска банка: Европа заглавена во рецесија

ЖА/дв/дпа/ртре13 јуни 2013

Светската банка ја намали својата прогноза за глобалниот светски развој. Како главна причина е наведена рецесијата во Европа и слабата конјуктура во земјите со засилен економски развој.

https://p.dw.com/p/18occ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Според Светската банка, на глобалната економија и‘ се закануваат опасни ризици. Високата невработеност во индустриските земји и намалувањето на економскиот раст во земјите со забрзан развој спаѓаат во најголемите проблеми засега, се вели во најновиот извештај „Глобални економски перспективи“, што се публикува двапати годишно. Светската банка нагласува дека глобалниот економски раст ќе изнесува 2,2 отсто и ќе биде понизок од јануарската прогноза – 2,4 отсто раст.

Растот ќе го предводат развиените држави, кои заедно ќе имаат прогнозиран БДП од 5,1 отсто оваа година, се вели во извештајот.

Ризиците за развиените економии се помали, но тие сепак ќе имаат раст од само 1,2 отсто оваа година. Високата стапка на невработеност и слабата доверба на потрошувачите и бизнисот го спречуваат растот во тие држави, се потенцира во извештајот.

Од друга страна, големите држави во економски подем како Кина, Бразил, Индија и Русија, кои со високата стапка на развој со години ја поттикнуваа светската конјуктура, веќе не растат со такво темпо како пред економската криза.

Светската економија во иднина се очекува да бележи помали осцилации во развојот, но и да расте побавно. Светската банка предвидува стапка на глобален развој од 3 проценти за 2014 и од 3,3 проценти во 2015 година.