1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светска банка – нов претседател

30 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anth

Поранешниот американски заменик-министр за надворешни работи Роберт Зелик, според информациите од американски владини кругови во Вашингтон, треба да биде новиот претседател на Светската банка. Американскиот претседател Џорџ Буш денеска треба официјално да ја соопшти номинацијата на Зелик. Тој треба да го наследи сегашниот шеф на банката Пол Волфовиц кој најави повлекување од таа функција на 30 јуни поради обвиненијата за непотизам. САД традиционално го именуваат претседателот на Светската банка.