1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светска банка предупредува од затоплување на Земјата

ЖА/дв/афп/дпа19 ноември 2012

Дека Земјата се загрева, познато е одамна. Нејасно е колку драстични ќе бидат последиците. Светската банка сега поради нов извештај предупреди од последиците на несопирливо затоплување на Земјата.

https://p.dw.com/p/16lQ1
Фотографија: picture-alliance/dpa

Според најнов извештај, при пораст на температурите од четири степени Целзиусови во текот на овој век се закануваат редовни жештини и пропаѓање на жетвата, кои ја загрозуваат глобалната сигурност на исхраната во светот.

Во круговите на научниците, како се‘ уште поднослив важи пораст на температурите од 1,5 степени Целзиусови, а сега веќе се достигнати 0,8 степени. Во 2011-та година глобалното испуштање на јаглероден двеоксид во атмосферата со 34 милијарди тони веќе достигна нов рекорд.

Претседателот на Светска банка Џим Јонг Ким овој извештај на една недела пред почетокот на Светскиот самит за климата во Доха, во Катар, го коментираше со предупредувањето - затоплување од четири степени мора на секаков начин да биде избегнато. Истражувањето по налог на Светска банка го извршија Институтот за испитување на климата од Потсдам и Берлинското консултантско биро „Климеит Аналитикс“.

Erderwärmung Gletscher schmilzt
Фотографија: picture alliance/WILDLIFE

И генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун пред почетокот на Светскиот самит за климата во Доха апелираше да биде постигнат напредок за потпишување нов светски договор за намалување на издувните гасови, кој треба да стапи во сила во 2020. година. Се‘ уште постојат можности затоплувањето на климата да биде контролирано, потребните технологии и ресурси за тоа стојат на располагање, истакна Бан.