1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светска премиера- навивачки сувенири од автомат

БГ/дпа10 октомври 2012

На аеродромот во Дортмунд е поставен првиот автомат во кој можат да се купат навивачки сувенири. Навивачите на Борусија можат да бираат од широката палета производи: од четкички за заби до снежни топки

https://p.dw.com/p/16NCo
Фотографија: picture-alliance/dpa

На аеродромот во Дортмунд навивачите на автомат можат да ги купат 20. најбарани сувенири на нивниот омилен фудбалски клуб Борусија, актуелен сопственик на „двојната круна“ во Германија. Автоматот е невозможно да се „промаши“, бидејќи е обоен во традиционалните бои на Борусија: црна и жолта.

Според одговорните во клубот, автоматот е вистинска сензација.

„Го имаме првиот таков автомат воопшто. Идејата е да бидеме присутни и на места на кои не се исплаќа да се отвори продавница за навивачите. Тоа навистина се исплаќа“, вели Карстен Крамер, маркетиншки директор на Борусија.

Навивачите од автоматот меѓу другото можат да добијат и четкичка за заби со грбот на клубот- вистинска можност за оние кои ќе си ја заборават четкичката дома. Има и дресови, шалчиња и разни подароци. Надлежните во клубот очигледно мислеле на се’ па дресовите се спакувани во најмало можно пакување за да бидат полесни за сместување во куфер.

„Порачавме да се направат специјални пакувања кои не се само малечки, туку се и атрактивни, па можат да се користат и како подароци“, велат од клубот.

Автоматот е прикладен токму за такви „итни“ случаи: за купување на подароци на кои претходно сте заборавиле.