1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светските берзи на курс на стабилизирање

10 август 2011

И денеска продолжува стабилизацијата на светските пазари, откако вчера поголемиот дел затворија во позитива благодарение на одлуката на Aмериканската централна банка.

https://p.dw.com/p/12Dpi
Фотографија: AP

Светските берзи се стабилизираа и покажуваат први знаци на позитивен биланс, по одлуката на американската централна банка да ги задржи каматите на актуелното ниво и во следните две години. На Вол Стрит е забележан најдобриот биланс во последните две години, а вчера и европските берзи затворија со позитивен тренд. Утрово, берзите во Азија исто така бележат раст меѓу 1 и 3 проценти. Стабилизирана е и цената на нафтата која изминатите недели беше во постојан пад, но продолжи да расте вредноста на швајцарскиот франк во однос на еврото и доларот.

Aвтор: БГ/ТТ/афп, па

Редактор: Горан Чутаноски