1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светските финансии и натаму климави

6 октомври 2010

ММФ извлекува мешан биланс за состојбата на глобалниот финансиски систем, три години по почетокот на светската финансиска криза - ни банките се сигурни колку што треба, ниту државните финансии изгледаат добро.

https://p.dw.com/p/PWGE
Фотографија: DW

Има добри и лоши вести, кога станува збор за глобалната стабилност на финансиските пазари, порача Хозе Вињалс, директорот за Oдделот на пазарите за капитал на ММФ. Во последните три години по избивањето на светската финансиска криза постигнат е значителен напредок во стабилизацијата на глобалниот финансиски систем, меѓутоа...:

„Финансискиот систем останува ахилова пета на економското заздравување. Затоа мораме и натаму да го репарираме и реформираме финансискиот сектор, за да го доведемe економското заздравување на сигурни патеки. За да се постигне оваа цел и натаму се потребни напори на национално ниво како и глобална соработка“, гласеше главната порака на извештајот на ММФ, објавен синоќа (05.10.2010) во Вашингтон, што ја пренесе Вињалс.

Банкарскиот систем останува подложен на шокови

Во т.н. основно сценарио, ММФ поаѓа од севкупно лесно подобрена стабилност на финансиските пазари, придружена од натамошно економско заздравување. Меѓутоа, како и досега, постојат значителни ризици. Така банкарскиот систем останува подложен на нови шокови, доколку не се продолжи консеквентно да се работи на прочистување на биланските, порача Вињалс. ММФ проценува дека три четвртини од загубите настанати во светот поради финансиската криза се идентификувани кај банките.

Wall Street / Börse / Dow Jones
Целосната доверба во финансиските пазари не е повратенаФотографија: AP

„Лошата вест е дека без оглед на целиот напредок, целосната доверба во финансиските пазари не е повратена. Затоа тие и натаму се многу сензибилни , и веднаш се враќаат во кризен модус ако се појават негативни изненадувања“, истакна Вињалс.

Потребна е отвореност за натамошна помош, советува ММФ

Тоа го покажаа и најновите турбуленции во еврозоната. Финансиските пазари и натаму внимателно гледаат на високо ризичните државни дефицити на земјите во еврозоната, како Грција, Ирска, Шпанија и Португалија. Спасувачкиот пакет за Грција, но и најавите за финансиски реформи во другите ризични земји, ги ублажија турбуленциите на финансиските пазари и среднорочно претставуваат чекор во вистинска насока, смета директорот Вињалс. Меѓутоа, напорите на овие земји за поголема финансиска стабилност не станаа полесни со оглед на несигурните перспективи на глобалниот економски раст.

Talfahrt der Börsen Wall Street New York
Главоболките се‘ уште не се сосема отстранетиФотографија: AP

Покрај тоа, ММФ советува дека запирањето на државната помош за финансискиот сектор и економијата треба да зависи од состојбата на стопанско заздравување. Централните банки и владите треба да бидат отворени за натамошна помош, порачуваат во Фондот.

Автор: Ролф Венкел / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема