1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светски ден на штедењето: како е во Германија?

31 октомври 2006

Денеска 31 октомври е светски ден на штедењето. Тоа е повод да се стави под лупа штедачкиот однос на Германците. Пензијата одамна не е сигурна, секој поединец е упатен самиот да се обезбеди за до крајот на животот. Но, дали Германците го прават тоа? Во времиња кога касите се празни, се повеќе граѓани во земјата стопати го вртат секое евро, па така 36 процнти не успеваат да остават настрана ниту еден цент повеќе о

https://p.dw.com/p/AeKP
Фотографија: BilderBox

� нивното пензиско осигурување.

„Не останува вишок. Не знам како и од што да живеам. Се надевам дека нема многу да живеам„.

„Тоа не се големи пари. Само она што можам да си го дозволам ако нешто остане„.

„Се обидувам да штедам до 200 евра месечно, иако е малку можно„.

„Јас не сум приватно осигурен зашто сум почетник и малку ми останува„.

„Мора малку да се стави настрана, едноставно е така. Оној што не го прави тоа, подоцна ќе има пех„.

„Бели пари, за црни денови„ гласи една стара поговорка. Многумина Германци се придржуваат кон тоа. Доказ е што во минатата година ставија настрана вкупно 157 милијради евра – пет милијарди повеќе од претходната година. Статистички, заштедени се 10,6 проценти од приходите, но според Хајнрих Хасис, претседател на здружението на германските штедни банки, тоа не е доволно:

„Околу 10 насто од приходите денес мораат да се ставаат настрана за згрижување за старост, а кон тоа доѓаат и оптоварувањата за здравството и образованието. Оттаму, сметаме дека се неопходни заштеди на граѓаните до колку сакаат и во иднина да го задржат својот стандард„.

Меѓутоа, за многумина тоа е скоро невозможно. Според една репрезентативна анкета, 12 насто Германци велат дека на крајот на месецот не им останува никаква заштеда.

„Мислам дека тоа може да се објасни со оглед на актуеланата економска ситуација. Трошоците за живот се зголемени, но исто така и приходите и тоа пред се во пониските групи плати. Многу фирми рационализираат и скусуваат од социјалните придобивки, но во секој случај имаме подобра ситуација од пред неколку години. Влошувањата се однесуваат само на конкретни слоеви од населението„.

А, токму тие се зависни од згрижувањето за старост. Инаку, барометарот за економската ситуација покажа дека 78 насто од анкетираните сметаат дека приватното обезбедување за старост е многу важно. Хасис е оптимист:

„Конјунктурата тргна напред. Имаме пораст каков што не сме имале веќе десет години. Исто така, не веруваме дека по први јануари ќе се случи голем крах со покачувањето на данокот на додадена вредност. Сигурно ќе има закочување поради повлечените инвестиции, но сигурно не и голем крах„.

Инаку, најштедливите Германци живеат во Баварија. Стапката на оние што можат да стават настрана повеќе од 500 евра месечно таму изнесува 6 проценти – речиси двојно повеќе од остатокот во државата.