1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светското стопанство е повторно во полет!

28 октомври 2003
https://p.dw.com/p/AeSo

Светското стопанство ја мина "долината на солзите" и се наоѓа на линија на опоравување - ова е најважната порака од средбата на Групата 20 развиени и земји во развој во мексиканскиот град Морелија. Министрите за финаисии и шефовите на Централните банки исто така се заложија за продолжување на преговорите за либерализација на светската трговија.

Честа да ја соопшти добрата вест ја имаше германскиот министер за финансии Ханс Ајхел, бидејќи Германија според клучот ќе ја преземе претесдателската улога со Групата Г-20 идната година:

"Првиот сигнал што произлегува од средбата е дека светското стопанство е во полет. Во меѓувреме сите се уверени во тоа."

Домаќинот на средбата, Министерот за финансии на мексико, Гил Диас, на почетокот имаше сериозни задршки поради тешката ситуација на американската економија.. Но:

"Она што можевме да го утврдиме во текот на средбата, пред се' преку информациите на американскиот колега Сноу, тоа влева надеж. Така има информации дека американското стопанство во третиот квартал доживува силен подем и се проценува дека ќе оствари пораст од 6 проценти. Се гледаат и одредени индиции за заживување и на европската економија, истото се случува и со Јапонија и другите азиски земји како на пример Кина. А и австралиското стопанство зајакнува повторно" - оцени на крајот мексиканскиот министер за финансии.

Колку овие индиции навистина се доволна подлога за оптимизам, тоа ќе ги покаже иднината. Но, она што е во секој случај важно е:

"Она што верувам дека е најважно е редовно да раземнуваме информации и да учиме од нив. Како што некои од колегите заклучија, во изминатите години имаше претеран песимизам, за подоцна да заклучиме дека темните сценарија не се оствариле, делумно благодарејќи и на добрата меѓународна соработка."

Министрите за финансии се заложија и за продолжување на преговорите за либерализација на светската трговија, и покрај тешкиот удар што го претрпеа на преговорите во Канкун пред месец и половина. Тие се согласни дека преговорите треба повторно да почнат уште во текот на оваа година.

Конечно, министрите заклучија дека се неопходни ефиканси механизми за контрола на државниот долг, бидејќи тоа е најголемата опасност за економската стабилност:

"Мора да може да биде можно навремено согледување на трендот на создавање високо кусорочно задолжување на некоја економија. Тоа не е само инструмент за проверка на земјите во развој, туку со истите проблеми се соочуваат и развиените индустриски земји и затоа и тие мораат да подлежат на таква контрола" - не без причина нагласи германскиот министер за финансии Ханс Ајхел, кој минатата недела мораше да поднесе дополнителен предлог буџет со рекордно задолжување на државата од 43 милијарди евра.