1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Свечености во „престолнините на културата“ Ставангер и Ливерпул

12 јануари 2008

*

https://p.dw.com/p/Col6

Норвешкиот крајбрежен град Ставангер денеска се претставува како европска културна престолнина за 2008-ма година. На свеченостите присуствува и кралот Харалд петти. Во градот се планирани повеќе од 120 културни проекти со претежно неафирмирани уметници. Ставангер главно става регионален акцент, за разлика од втората годинешна европска престолнина на културата, англискиот пристанишен град Ливерпул. Во градот на Битлси се одржа шоу во присуство на 50 илјади луѓе. Ливерпул годинава планира преку 300 културни манифестации.