1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Свечено финале на Рур 2010

18 декември 2010

Преку 10 милиони посетители, 5500 манифестации и издатоци од 60 милиони евра - е билансот на годината на Рурската област како Европска престолнина на културата. Успешната манифестација завршува денеска (18.12.2010).

https://p.dw.com/p/Qd0M

Голем настан од супер класа. На 9 јануари со прекрасно телевизиско шоу под отворено небо беше свечено прогласен почетокот на годината на Европската културна престолнина Рур. И покрај снежната бура и големиот студ, организаторите можеа да ја уверат публиката дека Рурската област сака 2010 година да ја искористи како почеток на структурната преобразба од регион на јагленокопи во културен центар.

Промена на имиџот на Рурската област

Највозбудливи моменти во текот на годината на Европска престолнина на културата беа големите настани. На пример одбележувањето на поранешните рударски окна со 311 големи жолти балони. Илјадници луѓе повторно го откриваа минатото на овој рударски регион. Еден друг голем настан беше затворањето на еден од најпрометните автопати во Германија. Цел ден на автопатот А40 наместо автомобили имаше илјадници луѓе кои беа повикани да претсават нешто што ја одликува културата не регионот. На „денот на песната“ пак имаше 600 концерти со илјадници пејачки и пејачи.

Deutschland Kulturhauptstadt Ruhrgebiet Ruhr 2010 Still-Leben
Автопатот А40 цел ден беше затворен за сообраќајФотографија: RUHR.2010

Организаторите на Европската престолнина на култура Рур 2010 сметаат дека успеале да го свртат погледот на цела Германија и на Европа кон шареноликиот културен живот во регионот и да ги разбијат стереотипите за идентитетот на Рурската област и нејзините граѓани: „Она што може да се каже е дека оваа 2010 година привлече големо внимание кон Рурската област. Во рамките на самиот региот се засили свеста за припадност кон него, а сметам дека и надвор од Рурската област дојде до промена на имиџот, кога станува збор за значењето на Рурската област“, вели Томас Лауе, драматург од Бохум кој раководеше со театарскиот проект „Наредна генерација“.

Мрачна сенка- трагедијата на „Парадата на љубовта“

Loveparade Duisburg 2010 Massenpanik
Смртоносната масовна паника на Љубовната парадаФотографија: AP

Ветувањето да се претстави една културна престолнина за секого, од граѓаните да се направат активни учесници и да се вклучат сите градови во Рурската област е исполнето, порача пак раководителот на манифестацијата Рур 2010, Фриц Плајтген.

„Годината на Европската престолнина на културата, покажа дека со културата може да се постигне многу, дека културата се исплатува. Метрополата Рур истотака со помош на културата направи чекор напред. Сега е од големо значење на долг рок да се користи тоа што беше развиено во текот на оваа година“, изјави Плајтген.

Значи проектот Европска престолнина на културата според желбата на организаторите треба и во иднина да дава културни импулси за регионот.

Една сенка меѓутоа останува надвисната над сите успешни и надежни проекти во програмата на Европската престолнина на културата - трагедијата на „Парадата на љубовта“ во Дуизбург. Во човечко стампедо загинаа дваесетина млади луѓе. Овој настан ќе биде тематизиран и на церемонијата на свеченото затворање на проектот Европска престолнина на културата Рур 2010.

Автор: Кони Паул/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска