1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ бара гаранции

Горан Петрески 22 јули 2008

СДСМ ќе се врати во собраниската сала само ако добие гаранции од владата дека нема да има спектакуларни апсења, ќе има нов договор за деловникот и ако власта сака да чуе и поинакви мислења. ВМРО ДПМНЕ подготвува став.

https://p.dw.com/p/EhaD
СДСМ бара писмени гаранции да се врати во парламентотФотографија: MIA

ВМРО ДПМНЕ подготвува одговор на последното барање на СДСМ, во кое опозицијата бара писмени гаранции од власта по три прашања како услов за враќање во парламентот.

СДСМ ќе го прекине бојкотот ако ВМРО ДПМНЕ гарантира систем што ќе овозможи различни мислења во парламентот, ако нема спектакуларни апсења и ако власта е подготвена на нова расправа за деловникот, изјави потпретседателот на СДСМ Јани Макрадули. По вчерашната одлука на СДСМ, речиси е извесно дека во сабота ќе биде избран нов состав на владиниот кабинет без присуство на опозицијата во парламентот.

Не е исклучено да се вклучи и меѓународниот фактор во обид да ја убеди опозицијата да се врати во парламентот. Аналитичарите ја критикуваат актуелната политичка клима во Македонија како кревка со можност за дестабилизација, ако опозицијата остане на одлуката за бојкот. Со таков парламент, Македонија на есен нема да добие позитивен извештај од ЕУ.