1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ започнува процес за избор на нов шеф на партијата

26 август 2008

СДСМ утре ќе одржи состанок на Извршниот одбор на партијата, со кој ќе отпочне процедурата за избор на нов лидер, која, смета претседателката на СДСМ, Шеќеринска, непотребно се одолговлекувала.

https://p.dw.com/p/F4oF
Радмила Шеќеринска се повлече од кормилото на партијата, кој ќе ја наследи?Фотографија: Petar Stojanovski

На најголемата опозициона партија во Македонија, Социјалдемократскиот сојуз, и‘ претстои сериозно преструктуирање и избор на нов лидер. За таа цел утре (27.08.2008) ќе се сретне Извршниот одбор на партијата, со што почнува процесот за избор на нов претседател.

Претседателката Радмила Шеќеринска сметаше дека нејзината неотповиклива оставка од функцијата ќе ги спречи долгите и непродуктивни расправии, кои и нанесоа штета на партијата и членството, стои во соопштението од партијата, потпишано од нејзиниот кабинет.