1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ избира нов претседател

Александар Чомовски5 ноември 2006

Најголемата опозициона партија во Македонија денеска на вонреден конгрес ќе избира нов претседател.

https://p.dw.com/p/AdbJ
Бучковски нема одново да се кандидира
Бучковски нема одново да се кандидираФотографија: AP

Единствен кандидат за шеф на партијата е Радмила Шеќеринска. Таа му беше ривал на доскорешниот лидер на партијата Владо Бучковски на последниот избор на партиски претседател.

А токму Бучковски, во пресрет на конгресот ги засили нападите против шефот на државата и некогашен лидер на СДСМ Бранко Црвенковски, држејќи ги живи конфронтациите и поделеноста која владее во партијата .