1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Кореа соработува со меѓународните инспектори

13 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BfNw

Комунистичкиот режим на Северна Кореја им дозволил целосен пристап на меѓународните инспектори во нуклеарната постројка Јонгбјон, изјави портпаролот на стејт департментот Шон Мек Кормак во Вашингтон. Ексертите од САД, Русија и Кина целосно го разгледаа нуклеарниот комплекс и го видоа она што сакаа да го видат, изјави МекКормак. Инаку во еден извештај на американската влада до Конгресот се вели дека во меѓувреме е постигнат доволно напредок за да можат да се вршат подготовки за ветените испораки на енергија тешки милиони долари.