1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Парти“ во чест на мртвиот диктатор

ЖА/афп/дпа/ртре16 февруари 2014

Комунистичкиот режим на Северна Кореја организираше манифестации во спомен на лидерот Ким Јонг Ил, починат во 2011. година. Повод - на денешен ден тој би наполнил 72 години.

https://p.dw.com/p/1BA1E
Фотографија: Reuters

Илјадници партиски функционери и претставници на војската денеска беа собрани на стадионот во Пјонгјанг, за да му оддадат почит на починатиот лидер Ким Јон Ил. Наследникот на Ким Јонг Ил, младиот челник на комунистичка Северна Кореја, Ким Јонг Ун, придружуван од поголема група воени команданти синоќа по повод националниот празник – 72-от роденден на Ким Јонг Ил, го посетил мавзолејот каде што во стаклен саркофаг е положено телото на неговиот татко кој почина на 17-ти декември 2011. година од срцев удар.

Ким Јонг Ил беше постхумно прогласен за генералисимус, највисокиот воен чин во севернокорејската армија. Една од главните заслуги на „таткото на нацијата“, кој владееше со Северна Кореја 17 години, се смета доследното спроведување на политиката сонгун (приоритетот на армијата) „кој ќе овозможи републиката да стане силна воена држава“.

По повод празнувањето, Ким Јонг Ун, како сегашен врховен командант, потпиша указ за унапредување на голема група во високи офицери. Притоа челникот на Северна Кореја изрази убедување дека „тие ја оправдаа довербата на народот и на Работничката партија на Кореја и достојно ја извршуваат својата должност во светата борба за конечна победа на револуционерниот курс“,

Во Северна Кореја по повод овој празник се одржуваат различни активности, како што е масовната пoсета на павилјонот во кој се одржува годишната изложба на цветовите „кимченирии“ кои се именувани по Ким Јонг Ил, што во Пјонгјанг се смета за многу важен настан. Така, на отворањето на оваа изложба се поканети претставниците странските дипломатски мисии во Северна Кореја, новинари и странски делегации.

Припадниците на Корејската народна армија, студентите и учениците ги одржуваат „митинзите на верноста“ на којашто полагаат заклетви дека потполно ќе ги извршат заветите на Ким Јонг Ил „уште повеќе обединувајќи се околу сегашниот водач Ким Јонг Ун“.

Семејството Ким веќе три генерации владее со меѓународно изолираната држава. Во неа владее безпримерен култ на личноста, при што се слават родендените на починатите лидери, основачот на државата, Ким Ил Сунг на 15. април и на неговиот син, Ким Јонг Ил на 16. февруари.