1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Кореја – САД

25 април 2007
https://p.dw.com/p/AgAj

САД побараа од Северна Кореја без одлогање да го спроведе ветувањето за запирање на атомската програма. Преговарач на претседателот Буш ваквата порака им ја врачи на северно-корејските дипломати во Обединетите нации во Њујорк. Претседателовиот пратеник притоа изрази разочарување што Северна Кореја го пречекори рокот за запирање на атомскиот реактор во Јонбијон. Северно-корејскиот претставник во Обединетите нации, Ким Мијонг Гил напротив изрази негодување што замрзнатите средства во Макао се уште не се стигнати во Пјонгјанг.