1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Кореја се враќа на преговорачката маса?

1 август 2011

Северна Кореја е подготвена за скорешно продолжување на шестпартитните преговори околу нејзината атомска програма. Притоа Пјонгјанг не поставува никакви предуслови, соопшти севернокорејската државна агенција КЦНА.

https://p.dw.com/p/127Do
Севернокорејската делегација која во петокот во Њујорк одржа преговори со претставници на САДФотографија: dapd

Освен тоа Северна Кореја постигнала договор за дијалог со САД, порача денеска портпарол на корејското министерство за надворешни работи.

Севернокорејскиот заменик-министер за надворешни работи, Ким Кје-гван изјави дека во петокот во Њујорк имал „позитивни разговори“ со специјалниот американски пратеник за Северна Кореја Стивен Босфорт, што би можело да биде прв чекор кон поширока дискусија.

Придвижување во спорот донесе неодамнешната средба на преговарачите на Северна и Јужна Кореја на островот Бали. САД и Јужна Кореја бараат прво видливи чекори на северно-корејскиот режим во насока на атомското разоружување пред да се сложат со продолжување на преговорите.

Автор:ГЧ/СН/дв/макфакс

Редактор: Жана Ацеска