Свет

Северна Кореја: Страв да, напад не

Дипломатија наместо бомби, преговори наместо санкции: ова е резултатот на најновото истражување на јавното мислење за конфликтот со Северна Кореја, презентирано на денот на објавувањето на Нобеловата награда за мир.

Nordkorea Wasserstoffbombe (picture-alliance/H. Ringhofer/picturedesk.com)

„Пораката до политиката, вклучително и американската гласи: земете си повеќе време за дипломатија и најдете мирен начин за решавање на конфликтот со Северна Кореја", вели Канчо Стојчев, претседател на Меѓународната асоцијација на Галуп (ГИА), глобална алијанса на агенции за истражување на јавното мислење со седиште во Цирих.

Фактот дека резултатите од блиц-анкетата во 14 земји се објавени на денот на објавувањето на Нобеловата награда за мир е чиста случајност, вели Стојчев. „Тоа не беше намерно, но можеби тоа ќе придонесе за внимателно и одговорно справување со кризата", нагласува тој во интервјуто за ДВ.

Вкупно 17.107 луѓе во 14 земји, вклучувајќи ги Русија и САД, беа интервјуирани за истражувањето спроведено од 20 септември до 1 октомври. Сепак, јавното мислење во Кина, важната соседна земја на Северна Кореја, не е вклучено во истражувањето. Причината: од политички причини, блиц-анкети таму не се можни, вели Стојчев .

Страв од нуклеарна катастрофа

Две прашања беа во фокусот на анкетата: Колку сметате дека е веројатно Северна Кореја да употреби нуклеарно оружје и - дали и натаму поддржувате дипломатско решение, или сметате дека е неопходна воена опција? Прашањето дали произлегува закана и од Белата куќа не е поставено поради временски причини.

Nordkorea Kim Jong Un überwacht Raketentest (Reuters/KCNA)

Резултатот е јасен: и покрај тековните провокации од Пјонгјанг, мнозинството од испитаниците продолжуваат да поддржуваат дипломатски преговори (види графички). За Џони Хилд, научен директор на ГИА, притоа улога игра пред сѐ личноста на Ким Јонг Ун . „Воен одговор во ситуација на еден лидер кој располага со нуклеарни боеви глави и во последно време тестира ракети со голем дострел, на многу луѓе им се изгледа премногу ризичен ", вели тој.

Црната кутијаСеверна Кореја

Всушност, стравот од Пјонгјанг е длабок. Во САД, 46 проценти од испитаниците веруваат дека употребата на нуклеарно оружје е веројатна. Во Германија, во тоа веруваат 48 отсто, а во Пакистан 51 насто. Најголем страв од употреба на атомска бомба има во Виетнам со 54 проценти.

Забележително е дека стравот е најмалку изразен во земјите непосредни соседи на Северна Кореја. Во Јужна Кореја, 35 отсто од испитаниците стравуваат од нуклеарен напад, а во Русија само 23 проценти.

„Русија би можела да биде погодена од ракета од Северна Кореја, но севернокорејската агресија досега никогаш не била насочена против Русија", вели шефот на Галуп, Стојчев. Тој, исто така, има објаснување за јужнокорејската опуштеност. Земјата е изложена на заканата од северот со децении и е навикната на тоа, истакнува Стојчев.

Токио бара поостар пристап

Во Јапонија, од друга страна, 45  насто од населението смета дека е можен нуклеарен напад од Пјонгјанг. „Луѓето се преплашени откако во септември над нивните глави прелета ракетата со среден дострел",  вели Стојчев.

Infografik Wie umgehen mit Nordkorea?

Како со Северна Кореја? (зелено - дипломатско решение, црвено - воено решение)

Ова е исто така причина зошто голем дел од населението поддржува воено решение за конфликтот. Во Јапонија и Пакистан, 49 отсто од испитаниците поддржуваат воена операција против Северна Кореја.

За Канчо Стојчев ова е разбирливо, но не ветува успех. Тој укажува на долгите и мачни, но на крајот успешните преговори за нуклеарниот договор со Иран во јули 2015 година.

„Договорот со Иран, за мене, е добар пример. Преговорите со меѓународната заедница траеја многу долго, но конечно беше постигнат договор", се сеќава Стојчев. „Иран ја прекина програмата за развој на нуклеарни бомби".

 

DW.COM

Albanian Shqip

Amharic አማርኛ

Arabic العربية

Bengali বাংলা

Bosnian B/H/S

Bulgarian Български

Chinese (Simplified) 简

Chinese (Traditional) 繁

Croatian Hrvatski

Dari دری

English English

French Français

German Deutsch

Greek Ελληνικά

Hausa Hausa

Hindi हिन्दी

Indonesian Bahasa Indonesia

Kiswahili Kiswahili

Macedonian Македонски

Pashto پښتو

Persian فارسی

Polish Polski

Portuguese Português para África

Portuguese Português do Brasil

Romanian Română

Russian Русский

Serbian Српски/Srpski

Spanish Español

Turkish Türkçe

Ukrainian Українська

Urdu اردو