1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Кореја ја унапредила нуклеарната програма

БГ/макфакс30 јануари 2014

Според проценки на американските служби, комунистичкиот режим во Пјонгјанг ги остварил заканите за натамошен развој на нуклеарната програма.

https://p.dw.com/p/1AzKy
Фотографија: Getty Images

Американскиот директор за национално разузнавање Џејмс Клапер изјави дека Северна Кореја ја остварила заканата и ја унапредила својата програма за нуклеарно вооружување. Клапер, кој е директно одговорен пред претседателот на САД, изјавил дека Северна Кореја ги проширила капацитетите на своите постројки за облагородување ураниум во нуклеарниот комплекс Јонгбјон и дека повторно го активирала својот плутониумски реактор, кој беше затворен во 2007 година. Клапер овие информации му ги испратил во пишана форма на Известувачкиот комитет на американскиот Сенат. Неговите тврдења биле базирани врз тврдењата на стручњаците кои ја следат нуклеарната програма на Северна Кореја, притоа користејќи и снимки од комерцијални сателити. Јужнокорејската служба за известување исто така тврди дека плутониумскиот реактор повторно е во погон.

Северна Кореја по подземните нуклеарни проби пред единаесет месеци ја обелодени намерата да ги „прилагоди и измени“ своите нуклеарни постројки. Клапер напоменал дека Пјонгјанг е во првата фаза од поставувањето на мобилен лансер за интерконтинентални балистички ракети, но додал дека оружјето се‘ уште не е тестирано.