1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Секој осми жител на Германија - странец

АТ/ дпа/ дапд18 декември 2012

Во Германија живеат околу 10,7 милиони луѓе со мигрантско потекло - соопшти Сојузната служба за статистика по повод денешниот Меѓународен ден на мигрантите. Поголемиот дел од нив потекнува од Европа.

https://p.dw.com/p/174TM
Фотографија: picture-alliance/dpa

Секој осми жител на Германија е роден во странство и се доселил во земјата во последните 60 години. Со овој податок започнува соопштението за печатот на германскиот Сојузен завод за статистика по повод Меѓународниот ден на мигрантите. Земји од каде доаѓаат најмногу мигранти се поранешниот Советски сојуз и неговите земји наследнички, околу 2,4 милиони луѓе. Потоа следува Турција со 1,5 милиони и Полска со 1,1 милиони луѓе. Во Германија има доселеници од вкупно 194 земји во светот.

Доселеници со диплома

Многумина доселеници, според Заводот за статистика, речиси сиот нивен живот го минале во Германија. Другите се доселиле неодамна. 7,4 милиони луѓе потекнуваат од Европа, а речиси половината се граѓани од ЕУ. Околу 1,4 милиони мигранти живеат во Германија подолго од 40 години, додека повеќето од половината од сите мигранти во земјата се доселиле во перидот од 1990. до 2010. година.

Откако беше забележан тренд на слабо опаѓање, бројот на доселениците од 2010. година повторно е во пораст, од 2011. уште повидливо: 550.000 луѓе се доселиле во Германија од јануари 2011. година, а речиси 300.000 само во првата половина на 2012. година.

Различни мотиви

Мотивите за доселување во Германија според Заводот за статистика се различни. Во 1960-те и 1970-те на минатиот век во Германија се доселуваа претежно т.н. гастарбајтери и нивните семејства.

Во 1980-те мнозинството мигранти беа азиланти, додека во периодот од 1990. до 2000 .претежно се доселуваат лица од поранешните комунистички држави со германско потекло.

Во изминатите децении во Германија мигрираа и луѓе кои бегаа од војни и граѓански војни. Во последите години овие бегалци доаѓаа претежно од Балканот, од Ирак, Иран и Авганистан и последно од државите на Магреб (пред се’ од Либија и Тунис) и арапскиот свет (на пример Сирија и Египет).