1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Секој петти Македонец плаќал мито!

9 декември 2010

Лани 21 отсто од Македонците платиле мито! Корупцијата најмногу ја има во судството, а против неа најмногу се бори Владата, покажа анкетата на Транспаренси Интернешнал спроведен во 86 земји меѓу кои и Македонија.

https://p.dw.com/p/QUE5
Фотографија: picture-alliance/dpa

Оптимизмот и скептицизмот се испреплетуваат во оценките на македонските испитаници за корупцијата, кои како учесници во Барометарот на "Транспаренси Инетрешенал" одговараа на 6 прашања.

„Добра вест за Македонија е дека Македонците се оптимисти. Глобално, во светот половината од сите испитаници сметаат дека корупцијата е во пораст. Во Македонија, меѓутоа, ваквото гледиште го делат само 46 проценти”, изјави за македонската програма на Дојче Веле, Миклош Маршал, директор на Одделот за Европа и Централна Азија на „Транспаренси Интернешенал". Ваквиот резултат тој го надоврза на прашањето: колку испитаниците имаат лично искуство со плакањето мито?

„Во Македонија 21 процент од луѓето минатата година платиле мито.Колку за споредба, во Босна и Херцеговина процентот е 23, во Косово 16, а во Србија 17. Интересно е што оваа бројка за Хрватска е мала: само 5 проценти.

Најкорумпирано суството

Одговорите во анкетата покажале дека во светот најкорумнпирани се политичките партии.

Transparency International Miklos Marschall
Во Македонија, најкорумпирано е судството!Миклош Маршал од Транспаренси ИнтернешеналФотографија: Transparency International

„ Во Македонија е поинаку. За најкорумпирано се смета судството, а потоа доаѓаат политичките партии". Прецизира Маршал кој додава дека Македонците гледаат поинаку од светот и во однос на тоа: дали Владата се бори добро против корупцијата. Глобално само 29 отсто од граѓаните го поддржуваат ваквото гледање. На Западниот Балкан овој процент е 32.

„За изненадување или не, во Македонија повеќе од половината, односно 53 проценти веруваат дека владата ефективно се бори против корупцијата". Наспроти ова Маршал дополнува дека кај Македонците владее голема недоверба. Споеред него Македонците се скептици. 51 процент не веруваат никому, на ниедна институција. Но, меѓу институциите владата е онаа на која најмногу и веруваат. Повеќе и се верува на Владата отколку на невладините ограгнизации, на медиумите и на меѓународните организации

Глобалниот барометар покажал и натпросечна подготвеност на Македонците да се борат против корупцијата. Дури 85 проценти изразиле согласност до надлежните служби да пријават доколку некој им побара мито, што според Миклош Маршал од „ „Транспаренси Интернешенал" е добар фид-бек за влијанието на реформите во земјата.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Симе Недевски