1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Семејно претпријатие прави Галилео- сателити

12 февруари 2012

Галилео е европски одговор на американскиот навигациски систем-ГПС. За таа цел во вселената мора да бидат лансирани многу сателити, кои ќе ги произведува мала фирма од Бремен.

https://p.dw.com/p/1406Q
Компјутерска графика на еден навигациски Галилео- сателитФотографија: OHB Sytsem AG

Моќниот концерн ЕАДС Астриум остана со празни раце. Вносната зделка за изградба на сателити ја доби едно претпријатие од Бремен. За вкупно 255 милиони евра семејната фирма ОХБ ќе произведе осум нови сателити за Галилео. ОХБ во вторпат и ја испорачува својата врвна технологија на Европската унија.

„Тоа е важен сигнал дека во вселенската технологија не се конкурентни само големите компании. Со ова ги охрабруваме средните претпријатија, а такви има многу во Европа“, ја образложи одлуката за доделување на зделката на ОХБ, еврокомесарот за индустрија Антонио Тајани.

Галилео- проект од најголемо значење

Галилео- сателити од Бремен

Сателитите од Бремен ќе кружат околу Земјата на висина од 23 илјади километри и ќе ја направат Европа независна од САД.

Галилео нема да биде само уште еден спореден сателитски систем туку ќе има повеќе сателити од американскиот ГПС и ќе гарантира милиметарски прецизно позиционирање, така што авионите ќе можат да слетуваат со сателитско наведување.

Еврокомесарот Антонио Тајани истакнува: „Овој договор претставува голем чекор напред. Галилео е проект од најголемо значење особено во областа на земјоделството и сообраќајот“.

Но овој престижен проект ќе ги чиини европските даночни обврзници околу 4 милијарди евра повеќе од планираното. Севкупно веројатно ќе бидат потрошени околу 7 милијарди евра додека и последниот сателит од навигацискиот систем Галилео да биде лансиран во орбитата.

Автор: Катерине Мартенс/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска