1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сенатот даде зелено светло за Џон Кери

СН/АТ/афп/дпа/ртр30 јануари 2013

Американскиот Сенат ја одобри номинацијата на поранешниот претседателски кандидат на Демократската партија, Џон Кери за нов министер за надворешни работи на САД.

https://p.dw.com/p/17TtG
Фотографија: Reuters

Горниот дом на американскиот Конгрес со 94 гласови „за“ наспроти 3 „против“ го прифати предлогот на претседателот на САД, Барак Обама, 69-годишниот Џон Кери да биде нов државен секретар. Сенаторот од Масачусетс ќе ја замени на оваа функција Хилари Клинтон, која по четири години си заминува од позицијата.

Кери доби широка поддршка и од неговите сопартијци од Демократската партија, но и од републиканците во Сенатот. Претходно неговата номинација беше одобрена од сенатската Комисија за надворешни работи. Кери на функцијата сенатор е цели 28 години и важи за познавач на надворешната политика, со што ужива углед и кај опозициските републиканци.