1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Серена Вилијамс најдобра во 2013-та

АМ/макфакс/апе26 декември 2013

Најдобрата светска тенисерка, Серена Вилијамс, е прогласена за најдобра светска спортистка во 2013 година, во изборот на агенцијата АП. Американката добила 55 од можните 96 гласови и по трет пат ја освои оваа награда.

https://p.dw.com/p/1Agyq
Фотографија: picture-alliance/dpa

Претходно Серена Вилијамс беше избрана за најдобра светска спортистка и во 2002. и во 2009. година. Вилијамс сезоната ја заврши на првото место на ВТА листата, со убедлива предност над конкурентките. Таа има 13.360 бодови, а второпласираната Викторија Азаренка има речиси 5.000 поени помалку.

Серена, во 2013. година одигра 82 меча и забележа 78 победи, освои 11 титули, меѓу кои две грен слем (Ролан Гарос, УС Опен). Американката заработи рекордни 12.385.572 долари, со што ја имаше една од најдобрите сезони во историјата на женскиот тенис.

Интересно за оваа спортистка е што таа никогаш не е задоволна со своите постигнувања, без оглед на тоа колку натпревари или турнири освоила.