1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Серија бомбашки напади во Ирак

СН/БГ/ртр/афп20 мај 2013

Во серија напади со автомобил бомби во повеќе места во Ирак според информации на полицијата загинале преку 30 лица. Тензиите меѓу сунитите и шиитите и натаму растат под влијание на конфликтот во Сирија.

https://p.dw.com/p/18asG
Фотографија: AHMAD AL-RUBAYE/AFP/Getty Images

Само во главниот град на Ирак, имало осум експлозии на автомобил бомби. Бројот на загинати во нападите во Багдад е најмалку 20. Автомобил-бомби екслодирале во населби главно населени со шиити. Во двоен бомбашки напад во јужниот пристанишен град Басра пак загинале 11 лица. Во нападите во Басра и во Багдад биле повредени вкупно 90 лица.

Во последните недели теророт и насилството бележат драматичен пораст во Ирак, поради нараснатите тензии меѓу мнозинското шиитско и малцинското сунитско население во Ирак. Само во април , според податоци на Обединетите нации, имало најмалку 700 загинати, што е најголем број на жртви во еден месец по речиси пет години. Односите меѓу сунитите и шиитите секојдневно дополнително се влошуваат под влијание на граѓанската војна во Сирија која истотака се води по религиозни линиии. Малцинското сунитско население, кое е незадоволно од доминацијата на шиитите по соборувањето од власт на Садам Хусеин во воената интервенција предводена од САД во 2003 година, од декември наваму организира улични протести против премиерот Нури ал Малики кој е шиит.