1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Серија напади во Ирак

ЖА/ард26 август 2013

Во серија напади во Багдад и околината загинаа најмалку 46 луѓе, а стотина се ранети. Се претпоставува дека зад нападите стојат сунитските терористички групи.

https://p.dw.com/p/19VzC
Фотографија: Reuters

Експлозиите се случија пред продавници, ресторани, но и во близината на свадбени свечености или на локални сообраќајници.

Во главниот град Багдад во бомбашките напади загинаа најмалку 18 луѓе, а во 65 километри оддалечениот град Бакуба настрадале 17 лица.

Напади се регистрирани во провинциите Салахедин и Нинивех, каде бил нападант минибус со војници, кој бил на пат кон Багдад. Според армиски извори, биле убиени петмина ирачки војници.

Насилството во Ирак видно се засили од почетокот на оваа година. Само во јули беа убиени над илјада луѓе, што е највисока бројка во последните години. Причина се тензиите меѓу сунитите, шиитите и Курдите.

Дел од сунитите се чувствуваат обесправени од шиитиското малцинство, кое е на власт по соборувањето на диктаторот Садам Хусеин во 2003 година. Хусеин, како сунит, на врвни позиции имаше поставено припадници на својата заедница.