1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сестрана помош за жртвите на цунами

31 декември 2004

По катастрофата предизвикана од цунами брановите кои мината недела ги заатија крајбрежјата на Југоизточна Азија, хуманитарната помош споро пристигнува во Индонезија. Многу области зафатени од поплавата се тешко достапни, а на островот Суматра сеуште недостасува најнеопходната помош: јадење, медицинска инфраструктура како и преноќувалишта за преживеаните. Во Индија пак се надминуваат религиозните и кл

https://p.dw.com/p/AcIf
Разурнувачка моќ на цунами
Разурнувачка моќ на цунамиФотографија: AP

асните разлики, помош пристигнува од целиот свет.

Mлада жена плаче за нејзината мајка. Таа почина во четвртокот, поради калта која монструмскиот бран ја притисна во нејзините гради.

Многу од повредените умираат, како оваа мајка, како последица на катастрофата, бидејќи неможат да добијат интензивна медицинска помош, меѓу нив се и многу деца. Сепак во единствената болница во провинцијата Банда Ацех од четвртокот се ангажирани повеќе тимови меѓународни лекари. Лекарот Францис Сју Кеон истакнува:

“Овде може да се грижиме само за врвот на планината. Сеуште не сме стигнале до крајбрежната линија, таму се наоѓаат многу повредени и болни луѓе кои чекаат на нашата помош.”

Досега војниците и хуманитарните работници се концентрираа да ги соберат мртвите тела и поради страв од ширење на заразни болести колку што е можно побрзо да ги закопаат. Засега се чини како задача без крај. Имено при секоја осека, морато остава стотици мртви тела на брегот. Индонезиоскиот вице претсетдал Јусув Кала појасни што пред се е неопходно

“Во моментов највисок приоритет за нас е да обезбедиме храна за луѓето, потребно ни е и медицинско згрижување и лекари како и шатори.”

Помош до погодените региони доаѓа од сите страни, а луѓето ја покажаа својата хуманитарна особина, политиката и религијата веќе не играат никаква улога пред моќта на природата

Кога надојдоа големите бранови Раја Кумари, нејзиниот сопруг и двете деца успеаа да се засолнат.

“Гледавме како надоаѓа водата и во паника почнавме да бегаме. Се засолнивме во просториите на црквата. И покрај тоа што сме Индуси. Но религијата и политиката сега не играат никаква улога.”

Поддршка за семејствата кои го преживеаа ударот на цунами брановите вети и генералниот секретар на ОН Кофи Анан

“ Ги уверувам погодените во регионот, дека целото семејставо на Обединетите Нации стои зад нив. Чиниме се да им помогнеме обновата на егзистенцијата, која беше уништена преку катастрофата. ”

Покрај досега ветената финансиска и лекарска помош ОН се надеваат и на натамошна поддржка. На 6 и на 11 јануари наредната година за кога се најавува самит за помош на земјите од регионот, очите ќе бидат свртени кон владите на целиот свет.