1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сестрата на Таксин Шинаватра ќе ја предводи владата во Тајланд

4 јули 2011

Опозициската партија на протераниот експремиер Таксин Шинаватра однесе убедлива победа на парламентарните избори во Тајланд. Шинаватра вели дека нема намера да се врати во земјата а владата ќе ја предводи неговата сестра

https://p.dw.com/p/11oQw
Јинглук Шинаватра ќе ја предводи новата влада во ТајландФотографија: AP

На парламентарните избори во Тајланд, според првичните резултати, опозициониот табор на поранешниот премиер Таксин Шинаватра освои убедливо мнозинство. По пребројувањето на сите гласови, Изборната комисија соопшти дека опозицијата освоила 265 од 500 мандати. Партијата на актуелниот премиер Абхизит Веџаџива добила 159 мандати. На изборите излегле 75 проценти од граѓаните со право на глас.

Се очекува на чело на Владата да застане сестрата на контроверзниот Таксин Шинаватра, Јинглук како прва жена премиер во историјата на државата, откако таа ја предводеше партиската кампања во отсуство на нејзиниот брат, кој избега од земјата по обвинувањата за корупција.

Автор: АТ/БГ/афп/дв

Редактор: Горан Чутаноски