1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеуште без договор

Александар Чомовски 4 јули 2008

Официјално, сеуште нема договор која албанска партија ќе влезе во идната македонска влада. Неофицјално сите опции се во игра.

https://p.dw.com/p/EW7X
Како ќе изгледа новиот владин кабинет?Фотографија: DW

Поединечните средби на премиерот Никола Груевски со шефовите на ДУИ и ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи, како можни идни коалициони партнери, вчера попладне завршија без договор. Различните и неофицијални информации се движат, од учество на двете партии од албанскиот блок, до фаворитска позиција на ДУИ или ДПА.

Груевски бара писмена гаранција

Разговорите на мандатарот околу идниот кабинет, сеуште се во фаза на принципиелност, што ќе биде заедничка платформа на идната мултиетничка влада. Партиските брифери на ВМРО ДПМНЕ, неофицијално соопштуваат дека Груевски бара писмена гаранција за преговорите околу името, и дека која било уцена од ДУИ или ДПА ќе значи раскинување на владиниот партнерски однос. Тоа главно се толкува како порака до Ахмети. Имено челникот на Интегративците бара замена на приоритетите, членство во НАТО по секоја цена и поради тоа компромис со Грција, што значи одбраната на уставното име е во втор план за ДУИ.

Разлики околу употребата на албанскиот јазик

Разликите постојат и околу официјализирањето на албанскиот јазик. ДУИ инсистира на мајскиот договор, Груевски - Ахмети, додека влладејачката ВМРО ДПМНЕ го афирмира Рамковниот договор, со којшто не е предвидено албанскиот јазик да биде официјален паралелно со македонскиот јазик. Но на овој план мандатарот се соочува со идентично барање од досегашниот коалиционен партнер Мендух Тачи.

Според новиот претседател на Парламентот Трајко Валјановски, од коалцискиот договор за идната влада за албанскиот јазик, ќе зависи и донесувањето на новиот парламентарен деловник, којшто би требало да дозволи двојазчиност на сите закони и раководење со Парламентот и на македонски и на албански.

Политиката и бизнисот

И додека разговорите за владата се во фаза на политичките приоритети, економските се во втор план, силен впечаток во јавноста остави искреното признние на бизнисмен од трговаската комора на Албанците во Македонија „Се случува на маса да седам со колеги од кои тројца завршиле или рекетирани или ракетирани. Истата ситуација не се осмелуваат да ја изнесат, да ја кажат јавно.“ Азбин Урединовски во една дебата за политиката и бизнисот го искажа притисокот што Албанците бизнисмени го чувствуваат од партиските ешалони на ДУИ и ДПА.