1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеуште не е на повидок решение за спорот со Русија

10 јануари 2007

Во спорот околу блокадата на испораката на нафта преку нафтоводот „Дружба” сеуште не е на повидок решение на конфликтот меѓу Русија и Белорусија. На разговорите во Москва вчера двете влади не постигнаа напредок за приближување на ставовите околу транзитот на нафтата. Рускиот претседател Владимир Путин се изјасни за зачуваување на интересите на западно европските држави. Се очекува нова преговарачка ру

https://p.dw.com/p/AduD
Конфликтот околу траснспортот на нафта продолжува
Конфликтот околу траснспортот на нафта продолжуваФотографија: AP

нда.

Првиот обид да се надмине спорот околу нафтата, царините и новите такси меѓу Русија и Белорусија пропадна по кратко време. Во министертството за економија во Москва преговарачките партнери не успеаја ниту да седнат на преговарачка маса. Шефот на белоруската делегација Владимир Надјунов појасни дека руската страна била лошо подготвена. „Соодведно на одлуките на нашата белоруска влада мора да има ново регулирање на правилата за транзит на нафта, кој се извршува преку наша територија. До тоа за жал не дојде. Ние не го прекинавме транспортот на нафта. Тоа беше од руска страна.” рече Надјунов

Попладнето се чинеше дека белоруската делегација ќе се врати во Минск, но се вмеша и претседателот Путин. Тој во преговорите ќе го испрати неговиот министер за економија Герман Греф. Закажана е втора преговарачка рунда. На руската телевизија се покажаа и снимки од седница на кабинетот на Путин каде тој вели: „Неопходно е да се преземат преговори во однос на испоракакта на нафта и транзитото до нашите европски партнери. Нужно е се да се’ стори за да се заштитата интересите на западните потрошувачи.” рече Путин.

Русија со години испорачува ефина нафта од 22 долара за барел за Белорусија, цената на светскиот пазар изнесува 58 долари. Белорусија од своја страна сега сака да ги зголеми таксите за транзит на нафта преку нафтоводот Дружба, такси кои ги именуваше како царина. Резултатотот на овој спор е познат, Дружба е блокирана, а делови од западна Европа останаа без руската испорака на нафтата. Според набљудувачите, гордиевиот јазол овојпат нема да се реши така лесно. Поинаку откоку при спорото со гас, Белорусија овојпат не е во мнопгу послаба позиција.