1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеуште се трага по сторителите

13 јули 2006

Два дена по бомбашките напади во Мумбај сеуште не е познато кои се сторителите. Според последните информации црната бројка изнесува околу 200 загинати и повеќе од 700 повредени. Индискиот премиер Манмохан Синг во синоќешното обраќање пред нацијата нагласи дека борбата против теророт ќе продолжи.

https://p.dw.com/p/Ae0A
Фотографија: AP

Антитерористичките сили се во интензивна потрага по сторителите на нападите на железничката мрежа. Се тресат хотелите и домовите на сите осомничени дека имаат каква било поврзаност. Полицијата засега соопшти дека начинот на кој биле изведени нападите е картактеристичен за милитантната група Лашкар е Таиба. Засега никој не е уапсен, но списокот осомничени се проширува

Индискиот премиер Манмохан Синг во обраќањето пред нацијата го нагласи единството на граѓаните во земјата:

„Ова не е прв пат странски непријатели да се обидат да ја разорат нашата слобода и благосостојба. Овие елементи сеуште не разбираат дека ние индијците можеме и дека ќе стоиме обединети. Дозволете да ве уверам дека владата ќе направи се што е потребно. Ние ќе победиме во оваа војна против теророт. Ништо нема да ја скрши нашата одлука„

Во меѓувреме Мумбај полека се враќа во нормален живот. Железничкиот сообраќај речиси целосно функционира, училиштата и фирмите се отворени;

„Животот треба да продолжи, што да правиме, но се надевам дека владата ќе преземе акција во име на настраданите. Нешто мора да се преземе„ вели еден жител на Мумбај