1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница

Б. Георгиевски/бета11 јули 2013

Земјите на ЕУ како и повеќето земји од регионот денешниот ден ќе го одбележат како Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница во 1995. година, во согласност со препораката на Европскиот парламент.

https://p.dw.com/p/195yy
Фотографија: DW/S.Huseinovic

Препораката на Европскиот парламент, 11. јули да се прогласи за Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница од земјите во регионот ја прифатија Хрватска, Црна Гора и Македонија, со усвојување на декларација во парламентот. Собранието на Србија, во март 2010. усвои Декларација за осуда на злосторствата во Сребреница, но не се изјасни за препораката на Европскиот парламент.

Ни во парламентот на БиХ не мина предлогот 11. јули да биде прогласен за Ден на сеќавање на жртвите, па годишнината од геноцидот се одбележува во само еден ентитет, во Федерацијата БиХ.

Меѓународниот суд на правдата во Хаг во февруари 2007. пресуди дека во Сребреница во јуули 1995. година е сторен геноцид. Според пресудата на тој суд, тогашната СРЈ не е одговорна за геноцидот, но има одговорност затоа што не сторила ништо за да ги спречи или казни сторителите.

Во Меморијалниот центар Поточари кај Сребреница денесака ќе бидат погребани посмртните останки на уште 409 идентификувани жртви убиени во 1995 година. Досега во Меморијалниот центар се закопани и идентификувани 5.657 жртви на злосторството во кое се проценува дека вкупно биле убиени повеќе од 8 илјади луѓе, мнозинството муслимани.