1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеќавање на контроверзниот крал

24 јануари 2012

Мал по раст, но на поколенијата сепак им остана во сеќавање како голем-Фридрих Велики денеска би имал 300 години. Бројни манифестации во Берлин и Бранденбург годинава се организираат во негов спомен.

https://p.dw.com/p/13onb
Фридрих Велики, реформатор и воин

Фридрих Велики: уметничка душа и воин, уметнички мецена и суров владeтел, до денес контроверзна личност.

Принцот престолонаследник всушност не сакал да стане крал и планирал со пријателот да побегне во Англија, далеку од авторитарниот татко Фридрих Вилхелм Втори. Но, планот пропаднал. За казна, таткото наредил обезглавување на пријателот пред очите на синот.

Bildergalerie 300 Jahre Friedrich II. Friedrich der Große

По крунисувањето во 1740-та година, Фридрих Втори се покажал како реформатор, го укинал мачењето и вовел верска слобода. Но, водел и три крвави војни.

„Тоа било важно за неговиот углед, да го потврди епитетот Велики, да биде успешен на воено поле“, вели историчарот Јирген Лу.

Во сеќавањето Фридрих Втори останува како просветен апсолутист, монарх кој се опкружувал со уметници и филозофи како Волтер на пример и меѓу другото и самиот ја планирал изградбата на својата резиденција.

Неговиот дворец Сансуси е доказ дека уживал во луксуз. Свирел флејта и компонирал 121 соната.

„Рано осознал дека е важно самиот да пишува за себе, за да остане во сеќавање неговото дело. Во основа, тој бил предвесник на денешното медиумско општество“, вели историчарот Лу.

Фридрих Велики, висок само метар и шеесет, но поставил темел за 200-годишното владеење на Прусите во Германија.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Кристоф Дрос/ Жaна Ацеска

Редактор: Александра Трајковска