1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се бара компромис за Уставот и за наследникот на Проди

17 јуни 2004

Започна Самитот на ЕУ на кој единствена сигурна одлука засега, е одобрувањето на кандидатски статус на Хрватска за членство во ЕУ.

https://p.dw.com/p/AcMw
Кој ќе биде неговиот наследник
Кој ќе биде неговиот наследникФотографија: AP

Лидерите на земјите членки на ЕУ се собраа денеска во Брисел на својот прв Самит по проширувањето на Унијата со 10 нови членки , на кој треба да донесат значајни одлуки, пред се за усвојувањето на првиот европски Устав , но и за новиот претседател на Европската Комисија . И ако првичните сигнали ветуваат дека по долгите несогласувања, Уставот би можел да биде прифатен , се понеизвесна станува трката за наследникот на Романо Проди.

На дводневниот Самит , европските лидери треба и официјално да и го одобрат на Хрватска статусот на кандидат за членство во ЕУ , што ќе преставува добра вест не само за оваа земја туку и за целата југоисточна Европа . Хрватска ќе стане нов кандидат откако поголемиот дел од земјите досегашни кандидати во петото проширување станаа членки на ЕУ. Доколку биде одреден точен датум за почеток на преговорите , кој според сите предвидувања би требало да започнат во првите три месеци од наредната година , Хрватска веднаш ќе се впушти во тешка и интензивна работа, како што изјави денеска во Брисел премиерот Иво Санадер со цел земјата да влезе во Унијата заедно со Бугарија и Романија во 2007-та година.

“Ние сме амбициозна земја и сметаме дека можеме да ги завршиме нашите преговори за пристап за две и пол години”-изјави Санадер додавајќи дека неговата земја сака да го искористи статусот кандидат за членство во ЕУ со цел да шири стабилност во целиот регион на Западниот Балкан. Инаку со одлуката за кандидатскиот статус за Хрватска ќе оди најлесно на Самитот во Брисел , со оглед дека европските лидери на агендата имаат прашања кои подолго и пократко време преставуваат извор на спротиставености меѓу нив. Згора на тоа популарноста на Унијата е во забележителен пад , откако само пред неполна недела, погоемиот број од граѓаните на ЕУ одбија да излезат на изборите за европскиот парламент а аларматен беше и успехот на евроскептиците.

Токму затоа во Брисел расте уверувањето дека овојпат мора да биде усвоен првиот Устав на ЕУ, за разлика од последниот Самит минатиот декември , кога несогласувањата околу правилата за гласање во 25 члената Унија меѓу Германија и Франција од една и Полска и Шпанија од другастрана , ја спречија толку неопходната одлука:

”Ќе биде многу лош сигнал ако овојпат не се постигне согласност. Секако ќе имаше позитивно влијание врз европските избори ако согласноста беше постигната порано. Уставот ќе беше вистински преломен момент”.-предупреди непосредно пред Самитот претседателот на Европската Комисија Романо Проди .

Но новите предлози , кое пред Самиотот ги изнесе ирското претседателство , ги разгоруваат надежите дека Уставот би можел да биде усвоен , особено откако и полскиот премиер Марек Белка сигнализираше дека неговата земја би можела да го подржи документот за идното устројство на Унијата.

Вечерва во Брисел треба да се донесе решение и за новиот претседател на Европската комисија. Листата на кандидати е долга а сеуште нема видлив компромис за тоа кој ќе го наследи Романо . Германски и француски фаворит е белгискиот премиер Ги Ферхофштат, но тоа го одбива, Велика Британија но и Европската народна партија најбројната партија во европскиот парламент.

Таа предмалку го предложи за клучната позиција во европската власт , Крис Патен , сегашниот Комесар за надворешна политика, за кого истакна декачовек со проевропски сваќања.

Инаку номинацијата на кандидатот за претседател на Европската Комисија мора да биде прифатена и со мнозинство во Европскиот Парламент.

Уште еден од сериозните кандидати за функцијата е премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер. И за него би можела да биде постигната согласност, но тој повторува дека сака да ја задржи сегашната функција.