1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се бара решение за пробелмот на стечајците

Александар Чомовски 8 февруари 2008

Социјалниот проблем на стечајците тема која се разгледува во парламентот и владата на Македонија. Доколку не се најде решение за понеделник се најавени нови блокади.

https://p.dw.com/p/D4L8
За проблемот на стечајците се расправа во парламентотФотографија: picture-alliance/ dpa
Социјалните проблеми на стечајците кои ги предизвикаа и нивиите улични протести сега се тема и во парламентот во Скопје. До доцна синоќа коалиционите партнери во македонската влада на чело со партиските лидери ги успогласуваа ставовите околу решавањето на проблемот со стечајците. Лидерот на стечајците Стојан Стојанов најави нови блокади во Скопје, од понеделник, доколку парламентот не расправа за закон за нивна социјална помош.