1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се бара шеф на Еврогрупата

Бернд Ригерт/ Александра Трајковска 8 јули 2012

Среде кризата со еврото 17-те министри за финансии на државите на еврото имаат шеф кој е заморен од функцијата. За наследник на Жан Клод Јункер тие се’ уште не можат да се договорат. Времето меѓутоа притиска.

https://p.dw.com/p/15TN5
Фотографија: AP

Шефот на Еврогрупата Жан Клод Јункер сакаше да замине од функцијата на 30.06. Во ноември минатата година премиерот на Луксембург најави дека работата е премногу стресна. По речиси осум години во шефовската фотелја Јункер сакаше да се повлече: „Четири часа дневно работам за Еврогрупата. Ова време радо би сакал да го имам за себе“, изјави премиерот Јункер по самитот на ЕУ минатата недела. Жан Клод Јункер е премиер со најдолг мандат во Европската унија. Тој е такаречи еден од пронаоѓачите на еврото пред 20 години. Надворешно честопати делува нерасположен, но Јункер поседува способност да посредува меѓу големите и малите, меѓу богатите и сиромашните држави во еврогрупата.

„Јас не сум глупав“

Повеќепати шефовите на останатите држави или влади го убедија Јункер да го продолжи мандатот на чело на Еврогрупата. Изминатата недела, тие повторно го замолија премиерот Јункер, кој е заморен од функцијата, да продолжи да ја води Еврогрупата уште една година, оти нема други прифатливи кандидати. Јункер покажа готовност да остане шеф на Еврогрупата уште половина година, до крајот на 2012. Неговиот услов е: шефот на луксембуршката емисиона банка Ив Мерш да го заземе слободното место во директориумот на Европската централна банка (ЕЦБ). Ова пропадна поради отпор од Шпанија, која досега го пополнуваше ова место во ЕЦБ. Меѓутоа, без цврсто уверување за неговиот пријател Мерш, Јункер во никој случај не сака да продолжи да ја извршува функцијата. „Нема да дозволам да ме надмудрат, со тоа што бакнувајќи ми рака ќе ми понудат натаму да ја водам Еврогрупата, за што не се ангажирам, а потоа на некој друг да му се помогне да замине во Франкфурт“, изјави по малку налутено Јункер по самитот на ЕУ. „Јас не сум поглупав од другите“, дополни, мислејќи на неговите европски колеги.

Eurogruppe Brüssel März 2012
Јункер е заморен и не може да ги води 17-те министри на еврогрупатаФотографија: Reuters

Ултиматум од Луксембург

Портпарол на Јункер вчера (06.07.) го повтори овој услов. На седницата на Еврогрупата в понеделник (09.07) мора да биде донесено решение. Освен ова, Луксембург притиска Германецот Клаус Реглинг да ја преземе раководната функција со постојаниот спасувачки фонд ЕСМ. Досега поранешниот ЕУ-генерален директор раководи со привремениот спасувачки фонд ЕФСФ. Доколку в понеделник не бидат донесени овие персонални решенија, се заканува одложување на работите околу ЕСМ, кој треба да стартува на крајот на јули, се вели од Луксембург.

Еврогрупата е нужна за кризниот менаџмент и за да може регуларно да работи, Јункер изрази готовност да остане на функцијата до 16 јули. Ако Ив Мерш евентуално не биде именуван во директориумот на ЕЦБ, дефинитивно е крај, истакна еден портпарол на Јункер.

57-годишниот Жан Клод Јункер има здравствени проблеми. Последната неформална средба на министрите за финансии, на почетокот на април во Копенхаген, Јункер не можеше регуларно да ја заврши.

Се бара компелексно пакет решение

Како што е вообичаено во Европската унија персоналните решенија се дел од голем пакет. Сите земји членки сакаат да бидат земени предвид и да се слушне нивниот глас. Тоа ја отежнува целата работа. Со месеци одлуките постојано се одлагаат. Германската канцеларка Ангела Меркел се заложи, нејзиниот министер за финансии Волфганг Шојбле да стане шеф на еврогрупата. Меѓутоа тоа го одбива новиот француски пртседател Франсоа Оланд. Во меѓувреме не се сомневаат само Французите дека Шојбле како претставник на најголемиот финансиер на спасувачките фондови би можел да биде добар посредник среде криза. Откако Шпанија не успеа да ги придобие останатите за нејзиното персонално решение за раководната функција на новиот постојан спасувачки чадор ЕСМ, слободна е и оваа функција. Постојат индиции дека оваа раководна функција ќе ја преземе Клаус Реглинг. Јункер веќе минатата недела официјално го предложи Реглинг.

EU Finanzminister Brüssel
Жан Клод Јункер и Волфганг ШојблеФотографија: AP

Битка во Централната банка

Шпанија од своја страна не сака да се откаже од местото во директориумот на влијателната Европска централна банка, кое е празно од март. Германија и Луксембург аргументираат дека со италијанскиот претседател на ЕЦБ и вицепретседателот од Португалија „кризните земји“ се добро застапени. Луксембуржанецот Ив Мерш се смета повеќе за приврзаник на филозофијата за стабилност. Шпанија меѓутоа се јавува со контра аргумент дека Германецот Вернер Хојер во јануари зазема шефовска позиција во Европската инвестициона банка. Приврзаниците на политиката за стабилност и штедење веќе добиле едно место. Франција пак е резервирана, оти британскиот кандидат го исфрли од игра францускиот предлог за шефовската позиција во банката Источна Европа во Лондон.

Frankfurt Zentrale der Europäischen Zentralbank
Копјата се кршат и во ЕЦБФотографија: dapd

Компромис на повидок?

Дали и ова персонално клопче може да биде размрсено на престојната средба во понеделник, засега е неизвесно. Официјални ставови од централата на ЕУ во Брисел или од другите главни градови нема. Значи може да се шпекулира. Европските дипломати како компромисно решение во игра го уфрлија министерот за финансии на Естонија Јирген Лиги. Тој доаѓа од мала земја од северна Европа, која е релативно стабилна. Со едно вакво решение би можеле да се согласат и Германците.

Estland führt Euro ein Finanzminister Jürgen Ligi
Новиот шеф на Еврогрупата ќе биде Естонец?Фотографија: DW

Во меѓувреме се намалија и амбициите на германскиот министер за финасии Волфганг Шојбле да ја преземе функцијата, оти така би морало да се откаже од министерското место во Берлин. За ова се усогласи Еврогрупата во ноември 2011. Претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпој се изјасни за цело работно место со седиште во Брисел. Шојбле сметаше дека покрај германскот министерство за фнансии ќе може да ја води и Еврогрупата.