1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

270709 Sommerschlussverkauf

31 јули 2009

Економската криза стигна до пресвртна точка. Најважниот ран индикатор на расположението кај германското стопанство, Ифо-индексот, во јули забележа неочекувано голем скок.

https://p.dw.com/p/J09X
Економските тркала повторно вртат подоброФотографија: AP

Околу 7 илјади анкетирани фирми од Германија попозитивно ги оценуваат не само изгледите за во иднина, туку и сопствената актуелна ситуација.

„Ова секако е пресврт во смисла на тоа, дека е запрен надолниот тренд. Германското стопанство се стабилизира, повторно фаќа чекор. Ова се’ уште не е подем, но се чини дека најлошото е зад нас“, вели професор Кај Карстенсен од институтот за економски истражувања „Ифо“ од Минхен. Но, и кај него, како и кај многумина други експерти, провејува и одредена резервираност.

„За Германија извозот и натаму игра важна улога. И во тој сегмент очекувањата малку пораснаа. Оттука, најлошото секако е веќе зад нас. Но, нема да излеземе на крај сосем без внатрешната економија. А, кога невработеноста ќе почне да расте, тоа ќе ја оптовари потрошувачката и ќе има негативни последици и за производството“, укажува професор Карстенсен.


Автор: ГУ/ЗЈ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска