1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се заканува разочарувачки крај на конференцијата во Доха

ЕМФ/дв7 декември 2012

Учесниците на Светската конференција за климата што се одржува во Доха до крај се обидуваат да најдат заеднички јазик околу мерките против затоплување на климата.

https://p.dw.com/p/16xNQ
Фотографија: Anne Allmeling

Особено спорно меѓу претставниците на 194 држави на конференцијата е како треба да изгледа продолжението на Протоколот од Кјото, кој истекува на крајот од годинава. Освен тоа, треба да се постигне договор за временски план за нов договор за климата, кој би требало да стапи во сила до 2015 година, како и за финансиската помош за земјите во развој. Германскиот министер за заштита на животната средина Петер Алтмајер жестокот ја критикуваше конференцијата во Доха, која завршува денеска. Ако не се преземат мерки наскоро, дел од учесниците ќе ги загубат домовите поради растот на нивото на морето, рече тој. Германскиот министер, освен тоа, ја стави под знак прашање смислата на големи конференции за климата. Организацијата на вакви конференции е тешка и обемна и не секогаш е во сооднос со она што на крајот се добива како резултат, рече Алтмајер за германската телевизија.