1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се заоструваат тоновите меѓу Израел и САД

Александар Методијев/ројтерс/афп/макфакс12 септември 2012

Американскиот претседател Барак Обама и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараа за заканата од нуклеарната програма на Иран и ја повторија намерата да го спречат Техеран да создаде нуклеарно оружје

https://p.dw.com/p/1677z
Фотографија: dapd

Обама му телефонирал на Нетанјаху, откако Белата куќа потврди дека тие нема да се сретнат за време на посетата на израелскиот лидер на САД кон крајот на месецов. Израелски функционер претходно изјави дека Белата куќа го одбила барањето за средба.

Од Белата куќа велат дека во прашање се само различните распореди на обврските. Во соопштението од Белата куќа не се споменува зголемениот притисок од Нетанјаху Обама да постави црвени линии за иранската нуклеарна програма.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот на прес-конференција во Ерусалим изјави дека Вашингтон го загубил моралното право да го спречува Израел во преземањето мерки против иранската нуклеарна програма, бидејќи одбил да заземе поцврсти ставови кон Техеран. Нетанјаху се нафрли врз американската администрација затоа што го одби неговото барање на Иран да му се одредат конкретни рокови, коишто мора да ги испочитува.

Израел предупредува дека времето истекува за спречување на Техеран да создаде атомска бомба, а американскиот министер за одбрана Леон Панета вчера даде изјава со која го негира тоа. САД ќе имаат околу една година за да преземат акција, ако Иран реши да создаде нуклеарно оружје, рече Панета.