1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се испумпува горивото од „Коста Конкордија“

13 февруари 2012

Екзпертските тимови денеска треба да продолжат со испумпување на мазутот од резервоарите на хаварисаниот туристички брод.

https://p.dw.com/p/142N2
Фотографија: REUTERS

Еден месец по несреќата кај италијанскиот остров Џиљо, експертски тимови започнаа со испумпување на горивото од луксузниот туристички брод „Коста Конкордија“. При несреќата и превртувањето на „Коста Конкордија“ загинаа 17 лица, а 15 и натаму се водат како исчезнати.

Во резервоарите на „Коста Конкордија“ има околу 2.400 тони мазут, чие евентуално истекување во морската вода би предизвикало еколошка кастатрофа.

Првично, стартот на испумпувањето на горивото беше најавен за денеска, но откако се подобрија временските услови беше решено тоа да почне уште вчера попладне. Предвидено е испумпувањето на горивото од сите 15 резервоари на бродот да трае 28 дена.

Процесот на извлекување на горивото го вршат експерти на холандската компанија „Смит“ во соработка со нивни колеги од италијанската фирма „Нери“.

Автор: СН/ БГ/ дпа/ миа

Редактор: Александра Трајковска